Резервирано за ЧЛЕНКИ
Влези
Добредојдовте
За нас 
   Основач 
   Раководство
   Нашиот тим
   Документи
   Даватели на податоци
   Корисници на податоци
   Субјекти на податоци
Производи и услуги
   Извештаи
   Постапување по рекламации
Наши членки
   Придобивки од членство
   Стани член
Стратегии
   Стратегија за развој
   Стратегија за доверливост
Публикации и Брошури
Прашања и одговори


Постапување по рекламации


За точноста на податоците во извештаите се одговорни Давателите на податоци кои се должни да ги преземат сите мерки со цел податоците што ги доставуваат до Македонското кредитно биро да бидат целосни и точни. Вработените во Македонското кредитно биро не вршат никакви измени или дополнувања на податоците.

Вие, како Субјект на податоци, можете да ја оспорите точноста и целосноста на податоците содржани во него. За таа цел, поднесувате Барање за исправка – дополнување на податоци кај Давателот на податоците од кого потекнуваат спорните податоци, кај Корисникот на податоците каде што е откриена грешката или во Македонското кредитно биро.

Доколку Вие Барањето го поднесете кај Давателот на податоците, тој ја евидентира рекламацијата и веднаш електронски го известува Македонското кредитно биро. Доколку ја прифати рекламацијата врши исправка на податокот, а, доколку ја одбие рекламацијата, го известува Македонското кредитно биро за одбивањето.

Доколку Вие Барањето го поднесете кај Корисникот на податоци каде што е откриена грешката, тој веднаш ја проследува рекламацијата до Македонското кредитно биро.

Доколку Вие Барањето го поднесете во Македонското кредитно биро, Македонското кредитно биро ја евидентира рекламацијата во својата база на податоци и во рок од пет дена ја проследува до Давателот на податоци од кој потекнува оспорениот податок.

Давателот на податоци е должен проверката на податоците да ја заврши во рок од 10 дена од приемот на известувањето за оспорување на целосноста и/или точноста на податоците доставени до Македонското кредитно биро .

Доколку, Давателот на податоци ја прифати рекламацијата од Субјектот на податоци врши исправка на податокот со назнака дека исправката е по рекламација, а Македонско кредитно биро ги внесува корекциите во базата на податоци и ги известува Корисниците на податоци кои повлекле извештај за Субјектот на податоците во последните 2 месеци, доставувајќи им нов коригиран извештај без надомест.

Доколку Давателот на податоците не ја прифаќа рекламацијата и тврди дека податокот е точен, Македонско кредитно биро ја отстранува забелешката „оспорена обврска“ од извештаите и го известува Субјектот на податоците.

Доколку Давателот на податоците не одговори на рекламацијата во определениот рок од 10 дена, Македонско кредитно биро нема да ја објавува оспорената обврска во извештајот, сe до добивањето одговор на рекламацијата од Давателот на податоците, а во извештајот ќе стои информација дека обврската (со наведување на нејзиниот референтен број) е во постапка на рекламација кај Давателот на податоците.

Македонско кредитно биро писмено го известува Субјектот на податоци за прифаќањето, односно неприфаќањето на рекламацијата од страна на Давателот на податоците.

Во периодот од приемот на рекламацијата во МКБ до нејзиното разрешување сите извештаи кои Корисниците на податоци ќе ги добиваат ќе содржат информација дека обврската за која е поднесена рекламацијата е оспорена.

 
Корисни линкови

Дирекција за заштита на личните податоци
Организација на потрошувачи
Клириншка куќа КИБС АД Скопјe
КИБС Издавач на дигитални сертификати