ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
Почитувани,
Чест ни е да Ви ја претставиме новата, мултифункционална интернет страна, како и да Ви ја предложиме за користење нашата нова платформа „МОЈ.МКБ“ за online користење на нашите услуги за сите физички и правни лица. Како наш корисник ќе можете во било кое време да барате Сопствени извештаи и да се претплатите за услугата Алармни известувања за 3, 6 или 12 месеци (АСИС).

Промотивно, до крајот на месец јули, сите ново регистрирани корисници ќе добијат попуст од 50% на цената на годишната претплата за АСИС 12, како и на цената на Сопствените извештаи.

Бесплатно регистрирајте се на следниот линк и заштедете 50% од редовната цена.

Со почит,
Македонско кредитно биро АД Скопје
   

Што е сопствен извештај?

Сопствен извештај е документ во писмена или електронска форма, изготвен од страна на МКБ, врз основа на собраните податоци за обврските на физичките лица.

Сопствениот извештај содржи податоци за физичкото лице кои се однесуваат на обврски по кредити, жиранства, кокредитобарателство, трансакциски сметки, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комуналните давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

Сопствениот извештај го содржи идентитетот на сите Даватели на податоци, како и идентитетот на сите Корисници на податоци кои побарале извештај од МКБ во изминатата година за тоа физичко лице.


Зошто Ви е потребен сопствен извештај

Сакате да аплицирате за некоја услуга во некоја од нашите комерцијални банки?
Или можеби барате продолжување на претплатничкиот договор со Вашиот постоечки телекомуникациски оператор?
Или пак аплицирате за добивање кредит за купување на рати на бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери и друго во некој од нашите поголеми маркети?
Немојте да се доведете во ситуација да Ве одбијат поради постоење на заборавен мал долг по трансакциска сметка или провизија за истата. Земете ги работите во свои раце, проверете ги податоците кои за Вас ги доставуваат давателите на податоци во МКБ и бидете сигурен дека сите Ваши достасани долгови се исплатени.
Создадете си навика да си го проверувате Вашиот Сопствен извештај или преплатете се на нашата специјално креирана за Вас нова услуга АСИС која, преку испраќање е-пораки, редовно ќе Ве известува за сите промени во Вашето кредитно портфолио.

 


Кој може да побара Сопствен извештај?

Сопствен извештај може да побара секое физичко лице лично за себе.

Сопствениот извештај може да се побара неограничен број пати и не е потребно да се дава причина или објаснување зошто се бара.

Со едно Барање може да се бара само еден Сопствен извештај.


На кој начин може да се побара Сопствен извештај?

Сопствен извештај може да се побара на еден од следните начини:

• ONLINE преку нашата интернет страна на порталот МОЈ.МКБ
• Со Дигитален сертификат на baranje@mkb.mk и
• Лично во просториите на МКБ